Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Доаѓа Land Rover со погон напред
13.05.2010

На есен Land Rover ќе го претстави првиот модел во историјата на марката кој ќе се нуди само со погон на предни тркала. Стилот ќе биде превземен од концептот LRX и сигурно ќе отвори многу дискусии.

range-rover-compact-2010-1

Очигледно ниту Land Rover неможе да остане имун на светските трендови на создавање на кросовери само со погон напред и тоа е логичен след на настаните дури и за еден конзервативен производител.

Во исто време за да не си ставаат рака в стомак одговорните во Land Rover планираат прво на пазарот да ја пуштат верзијата со погон на четири тркала, а потоа поевтината варијанта само со погон напред.

Новиот кросовер со три врати ќе биде поставен на платформата на Land Rover Freelander ќе носи 2.2 литарски турбо дизел којшто ќе остварува моќност од 185 КС и ќе биде спарен со шест степен мануелен менувач.

Подоцна од Land Rover планираат да ја претстават и верзијата со моќен бензинец, но и хибридна верзија чив електромотор ќе ги задвижува задните тркала, а интересно е што ќе се нуди под логото на Range Rover.

Името сеуште е непознаница. Се шпекулира со Range Rover Compact како комапктна верзија на Range Rover Sport, но познавачите на приликите во Land Rover истакнуваат дека во игра се уште пет различни имиња.

Светската премиера веќе е закажана и ќе се случи на салонот во Париз, а од Land Rover ја најавуваат и цената. Околу 40.000 евра за верзијата со погон напред што е околу 6.000 евра помалку од верзијата со погон на четири тркала.

Од Land Rover се горди бидејќи развојот на новиот кроовер е финансиран самостојно од компанијата и чинел малку над 30 милиони евра. Производството ќе се одвива во фабриката на Land Rover во Хеилвуд, Англија.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook