Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Доаѓаат Twingo RS и Gordini RS
16.02.2012

Renault ги најавува бесните изведби на обновеното Twingo кои на пазарот пристигнуваат веќе следниот месец и покрај високите перформанси се одликуваат и со висока доза на стил.

renault-twingo-gordini-rs-1-2012-1

Ова посебно се однесува на Gordini RS која доаѓа обоен во традиционалната сина боја и носи две бели ленти поткрепени со бело лакираните ретровизори и предниот браник обликуван во стил на Ф1. Twingo RS пак нуди елементи во црна лак боја.

Покрај предниот браник на Renault Sport Technologies обликува како крило на болид во Формула 1, спортскиот Twingo има и дифузор одзади и стилски отвори кај арките на тркалата одзади за одвод на топол воздух од сопирачките.

Тие се подобрени со самовентилирачки дискови од 280 mm напред и дискови од 240 mm назад. За добра возна динамика се грижи стандардната спортска шасија која по желба може да биде надградена со Cup шасија.

Taa нуди поцврсти пружини кои го спуштаат автомобилот до подлогата за дополнителни 4 mm. Моторот е познат од претходникот. Атмосферски бензинец од 1.6 литари кој испорачува 133 КС при 6.750 врт/мин и 160 Nm при 4.400 врт/мин.

И двете верзии имат кожен ентерирер и детали што соодејствуваат со спортскиот дух на возилата. Со доплата се добива телеметриски систем кој ја зголемува забавата при возење.

Цените во Франција почнуваат од 16.900 евра за Twingo RS и од 18.100 евра за Twingo Gordini RS.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook