Се очекува Mercedes и BMW пред
крајот на годината да го објават своето ново партнерство за развој на
четирицилиндрични мотори за новата генерација на Класа В со кодна
ознака С412 и новиот Mini.
Информацијата доаѓа од внатрешен извор кој открива дека
партнерството меѓу двете марки во иднина би можело да се прошири. Причината за
ваквиот спој е стравот на Германските премиум марки за трошоците за развој на
нова гама економични и еколошки мотори.
Mercedes и BMW исто така сакаат да го зголемат бројот на заеднички
мотори и трансмисии со цел да му се спротивстават на Audi кој тоа го
прави веќе подолго време потпомогнат од партнерството со VW.
Сеуште нема план за поделба на платформи од проста
причина што на BMW не му треба, но затоа пак му е потребна на Mercedes за новата
генерација на Класа А и В за кои се верува дека ќе пристигнат во 2010 или 2011.
Изворот дополнува дека за сега нема потреба да се
размислува за платформска стратегија бидејќи заштедата од заедничкиот развој на
мотори и трансмисии ќе биде доволна.
BMW во моментов има договор со PSA за мотори
за својот сегашен Mini, а баварскиот производител е во преговори и со неколку
јапонски производители.
Од друга страна пак, Mercedes ги
истражува можностите за користење на цели компоненти од својата нова Класа С во
новите малечки автомобили со што би создал многу поекономично производство.
|