Get Adobe Flash player
Дојде време да се освежи и C Класа
09.11.2009
mercedes-c-klasa-2010-1.jpgАктуелната генерација на C класата на Mercedes, позната под типската ознака W204, иако е претставена пред само две години ја очекува освежување потребно за да се држи чекор со конкурентите.

Според информацијата која доаѓа од Штудгард модернизираната С Класа на пазарот треба да се појави кон средина на следната година, а автомобилот најверојатно премиерно ќе биде прикажан на салонот во Женева.

Ако се суди според објавената фотографија на идното комби на С Класа нема драстични измени во дизајнот. Се забележува новата оптика на предните светла со вградени светлечки диоди.

Линии светлечки диоди, по урнекот на новата Е Класа се забележуваат и во предниот браник кој носи благ редизајн. Што ќе се случува одзади во дизајнерски смисол сеуште не се знае.

Во тајност се чуваат и најавените измени во внатрешноста, но и кај механиката и моторите. Се очекува минимално подигнување на перформансите на моторите, но затоа тие ќе бидат значително поштедливи и позелени.

Најверојатно целата гама ќе ја носи новата технологија на директно вбризгување и се очекува обилно користење на турбо полначи. Сите дизелите би требало да ја користат технологијата BluTec и системот старт/стоп.

Но, сето ова се претпоставки кои се оечкува да бидат потврдени, или пак, не на светската премиера на обновената С Класа на Mercedes.

 

 

 

 

Facebook