|
Најновото, најголемото, најмоќното, најробустното, најлуксузното од групацијата Volkswagen пристигна и на домашниот пазар. Претпоставувате станува збор за новиот Audi A8 и Volkswagen Touareg.

Сега во живо можеа да се видат возилата што во целост ги претстaвивме веднаш по нивните светски премиери. Audi A8 пред крајот на минатата година и Volkswagen Touareg на салонот во Женева во март.
И Audi A8 и VW Touarеg донесоа големи новини во светот на автомобилите кои се произведуваат сериски. Од најважните Audi ги донесе предни светла комплетно со LED технологија и системот ACC stop & go – Adaptive Cruise Control со функција stop & go, а од него се очекува и првиот вистински хибрид во оваа класа.
Од друга страна Touareg го донесе првиот паралелен хибриден погон што ќе се произведува сериски кого за волја на вистината паралелно го развива и Hyundai и го претстави во својата Sonata Hybrid.
Во меѓуверме Audi ја претстави и долгата верзија на А8 на салонот во Пекинг која понудува уште поголем комфор посебно за патниците на задната клупа, а од Volkswagen најавија дека постои моќност за верзија на Touareg само со погон на задните тркала за да се задоволат вкусовите на американските купувачи.
Паралелно со домашната премиера на Audi A8 и на Volkswagen Touareg, нашиот застапник за групацијата Порше Македонија прослави и уште еден важен настан, превземањето на славното италијанско дизајнерско студио Italdesign Guigiaro од страна на VW.
Најавениот крај на преговорите минатата седмица се официјализираше со потпишување на договор со што Volkswagen превзеде управувачки пакет акции од 90,1% во Italdesign Guigiaro.
Oд Volkswagen најавуваат дека со превземањето на Italdesign Guigiaro започнува нова ера од веќе воспоставеното стратешко партнерство кое датира од времето на првата генерација на Golf, Scirocco и Audi 80, а треба успешно да продолжи со тековниот проект Volkswagen Up!.
Со цел да се потенцира важноста на германско – италијанското партнерство застапникот Порше Македонија за домашна премиера на Audi A8 и Volkswagen Touareg го избра пријатниот амбиент на итaлијанскиот ресторан во Скопје, Бјанко.
|