Get Adobe Flash player
Домашна премиера на новиот Prius
03.03.2010

Големата побарувачка на глобално ниво за третата генерација на најпродаваниот хибриден автомобил на планетата Toyota Prius е причина зошто премиерата во Македонија доцни околу една година.

toyota-prius-makedonija-2010-1

Секако во контекст на најновите случувања околу софтверскиот проблем со сопирачките на Prius неговото задоцнето појавување на македонскиот пазар претставува предност бидејќи кај автомобилите кои се пристигнати кај нас грешката е отстранета.

Веќе пишувавме за третата генерација на Prius, исто така пишувавме и за плановите на Toyota да претстави цела низа на модели кои ќе почиваат на платформата на Prius која воедно ја користи и новиот хибриден компакт на Lexus.

Сега ќе претстaвиме една нова страна на Prius.

Денес Prius е најеколошкиот фамилијарен автомобил на пазарот со просечна емисија на CO2  од 89 g/km и е предводникот во хибридната гама на Toyota која пак на глоблано ниво учествува со 80% од вкупната продажба на хибриди.

Воедно со стаж од 12 години од лансирањето на првата генерација, Prius, заедно со останатите хибриди на Toyota допринел во намалување на CO2 за вкупно 9 милиони тони.

Со просечна потрошувачка од 3,9 L/100 km, и ниската емисија на СО2 Prius ги надминува строгите Euro 5 норми, но тоа не е единствениот напредок на полето на зачувување на животната средина.

Toyota го зема предвид и целиот животен циклус на Prius со цел да го намали неговото вистинско влијание врз животната средина. Тоа е возможно со развој на технологија на нулта отпад и значителна редукција на употреба на испарливи органски соединенија кои допринесуваат за ефектот на стаклена градина, го уништуваат озонот и ја загадуваат животната средина.

Фабриката Цуцуми во Јапонија каде се произведува Prius е една од најеколошките во светот. Mеѓу 2003 и 2007 еколошкиот траг на фабриката беше намален за 21% од отпадот, 48% од испарливи органски соединенија, 14% од водата и 36% од емисијата на CO2.

Интересно е што во тек на својот животен циклус Prius емитира 37% помалку CO2 од конвенционалните бензински автомобили со дволитарски мотор и 47% помалку канцерогени азотни оксиди NOx од неговите дизел еквиваленти.

Понатаму 95% од компонентите на Prius можат да се обноват, а 85% да се рециклираат. Вградените компоненти од еколошка пластика овозможуваат дополнително намалување на траговите од јаглероден двооксид во атмосферата.

Еколошките влијание на хибридните автомобили конечно почнаа да го ценат и властите во Македонија ослободувајќи ги од плаќање акциза.

Затоа кај нас Prius стартува со цена од 26.490 евра во која покрај хибридниот погон влегува и високото ниво на опременост кое ретко каде се добива кај останатите конвенционални автомобили како сериска опрема.

 

 

 

Facebook