Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Дооолга Серија 5 за во Кина
01.04.2010

BMW прикажа изведба на новата Серија 5 со продолжено меѓуоскино растојание наречена Long Wheelbase или LWB. Тип на автомобили кои како што е познато исклучително ги ценат во Кина.

bmw-serija5-lwb-2010-1

Растојанието меѓу оските на обичната Серија 5 на BMW е развлечено за дополнителни 140 mm, па така седанот нараснал во должина и сега мери серизони 5.039 mm, додека меѓуоскинито растојание е развлечено на 3.108 mm.

За жал купувачите во Европа, но и остатокот од светот нема да можат да уживаат во просторот што се отвора на задните седишта на Серија 5 LWB. Задоволството ќе им биде допуштено само на клиентите во Кина.

Тука не застанува приказната со Кина. Имено производството на Серија 5 LWB ќе се одвива исклучиво во фабриката на BMW во кинескиот град Шенјан.

Значи кинезите ќе уживаат во висок комфор што им се нуди на патниците на задните седишта кои се посебно развиени за овој модел со можност за местење во сите правци.

Дополнително комфорот е зголемен со автоматскиот клима уред кој исто така е развиен специјално за долгата Серија 5 и има можност да разладува четири независни зони.

Заедно со автоматскиот клима уред функционира и ладилник, а во списокот на комфорни елементи се запишуваат и мултимедијалниот систем за забава и масичките вградени во потпирачите од предните седишта кои се отвораат автоматски со притискање на копче елемент којшто до сега не е виден кај конкуренцијата.

Во име на комфорот инженерите од BMW вградиле и автоматски завеси кои ги сокриваат стаклата на задните врати и задното стакло, светла за читање и огледала сместени во кровот.

Под хаубата на Серија 5 LWB ќе работат три бензинекси шест цилиндрични мотори. Основниот модел 523Li го носи атмосферскиот 2.5 литарец со моќност од 204 КС. До темпо 100 стигнува за 8,6 секунди и оди до максимални 234 km/h.

Втор во понудата е моделот 528Li исто така со атмосферски бензинец со зафатнина од 3.0 литри кој испорачува 258 КС и ја забрзува лимузината до 100 km/h за 6,9 секунди и ја тера до електронски ограничени 250 km/h.

Врвот е загарантиран за 535Li во кого 3.0 литарскиот турбо бензинец истискува 306 КС и е способен да им понуди на патниците спринт до 100 km/h за 6,2 секунди. Иако за оние на задните седишта тоа и не е толку пресудно.

Без оглед на поголемото меѓуоскино растојание инженерите на BMW успеале да ги задржат одличните динамички карактеристики својствени за обичната Серија 5, додека дизајнерите одлично ја завршиле работата поклонувајќи и складна каросерија кај која е многу тешко да се забележат дополнителните сантиметри.

Одговорните во Минхен се уверени дека долгата Серија 5 е вистински погодок и дека ќе ја зголеми продажбата на баварскиот производител на кинескиот пазар кој е четврти по големина за BMW.

Минатата година баварците во Кина продадоа 90.536 автомобили, а годинава посебно со новата Серија 5 LWB се очекуваат уште подобри продажни резултати. Светската премиера на лимузината е закажана за крајот на месец април на автомобилскот салон во Пекинг.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook