|
Производителот на мотоцикли Ducati не успеа да се справи со економската криза и бара свеж капитал кој ќе ја покрене компанијата и повторно ќе ја стави на здрави нозе како што и заслужува.

До сега се очекуваше дека AMG ќе стане сопственик на Ducati заради заемната соработка. Спортската марка на Mercedes, AMG склучи договор за соработка со Ducati во 2010 година, но оттогаш ништо.
Проблемите на Ducati ги открива Андреа Боними, претседател на инвестицискиот фонд Investindustrial во чија сопственост е Ducati. Според него неколку компании од САД и од Европа се интересираат за производителот на мотоцикли.
На прво место меѓу заинтересираните на прво место е Mercedes, но исто така за Ducati се интересираат Audi, BMW и Volkswagen. Се спомнува и името на Harley Davidson.
Меѓутоа ниту на американскиот производител на мотоцикли не му цветаат рози бидејќи веќе беше принуден да се откаже од марките Buell и MV Agusta кои до сега беа во негова сопственост.
Каква ќе биде иднината на Ducati останува да се открие во следните неколку месеци.
|