Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Duster е новиот концепт од Dacia
03.03.2009
dacia-duster-1.jpgКонцептот што на почетокот од месец февруари, преку неколку фотоси од детали, беше најавувано како првото спортско купе на Dacia прерасна во еден прекрасен кросовер наречен Dustеr.

Всушност Duster е првиот концепт на кросовер на Dacia чив дизајн во многу нешта потсетува на спортско купе, но, високиот клиренс, големите тркала со пречник од 21 инчи обуени во гуми 245/35 и робусната предница издаваат дека намената е поинаква.

Сивата боја на каросеријата, затемнeтите стакла, отсуството на централен носач го заокружуваат дизајнот на Duster и неговиот динамичен профил.

Со отворање на вратите, од кои задните се бујрум врати, станува јасно дека тие се четири на број и откриваат прoстрана кабина за удобен превоз на четири патници, а по потреба и на спортски реквизити на пример велосипед.

Седиштата обликувани како скулптура се интегрирани во структурата на возилото. Возачкото е слиено со арматурата и делумно лебди во воздух, додека она на совозачот може да се мести по правец и по потреба да се протне под возачкото.

Тогаш заедно со преклопување на седалото од задната клупа остава доволно простор за превоз на горе споменатиот велосипед. Секако за поголема варијабилност одзади се преклопуваат и потпирачите.

Арматурата исто така делува како скулптура извајана од некој добар вајар. Сложената форма е направена од евтини материјали кои можат да се рециклираат, а за постигнување на ергономијата се мести делот пред возачот заедно со воланот и педалите.

Duster не е голем автомобил. Во должина мери 4.25 метри, широк е 1.64 метри и висок е 1.49 метри. Меѓусокиното растојание изнесува 2.804 милиметри, а багажникот има зафатнина од 470 литри.

Високо поставената хауба која продолжува во широка маска и масивниот преден браник со хоризонтален отвор за воздух го сокриваат познатиот 1.5 литарски турбо дизел dCi кој остварува 105 КС, забрзува до 100 km/h за 9,6 секунди и во просек троши 5,3 L/100 km.

Dacia веќе најави дека подготвува кросовер поставен на основата на Logan, но дали новиот модел со погон на четири тркала ќе ги повлече дизајнерските смерници од Duster не се знае.

Единствено знаеме дека доколку влезе во сериско производство иновативните дизајнерски и технички решенија ќе минат низ моќен филтер кој на крајот ќе овозможи од производните ленти да се симне возило во ценовниот ранг на една Dacia.

Што само по себе не е лошо бидејќи купувачите ќе добијат евтин, издржлив и практичен производ.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook