|
29.01.2009 |
На претстојниот салон за автомобили во Женева, Renault ќе ја
претстави модернизираната верзија на Clio со нова маска, а
паралелно со него ќе бидат претставени и два нови турбо бензинци.
Првиот турбо бензинец е со зафатнина од 1.6 литри и
неговата улога е да го замени атмосферскиот 2.0 литарски бензинец. Новиот мотор
е конструиран врз базата на актуелниот турбо бензинец од 1.4 литри со 130 КС и ќе
остварува максимални 156 коњски сили.
Освен, покрај поголемата зафатнина, 1.6 литарецот се
разликува од 1.4 и по сосема новата глава на мотор и новиот компактен турбо
полнач кој лесно се завртува од многу ниски вртежи.
Овој мотор ќе се вградува во Megane, Laguna и во
новиот Scenic .
Вториот нов турбо бензинец има зафатнина од 1.8 литри и
конструкциски е сличен на својот по зафатнина помал брат. Неговата моќност ќе
се движи околу 200 коњски сили и е наменет за модели како новиот Safrane, Espace, но ќе го има и во Laguna .
Една од поважните задачи на овој мотор ќе биде да ја
задвижува перформансната верзија на Megane, RS која се очекува
наскоро. Таму 1.8 литарскиот турбо ќе остварува малку над 250 коњски сили.
|