|
15.06.2007 |
На неполна година пред стартот на Smart во САД за малото возило веќе се пристигнати преку 20.000 резервации. За резервацијата треба да се уплатат 99 долари.
Малечкото ќе се појави во земјата на неограничените можности во првиот квартал во 2008 година. По повеќегодишно празнење на буџетот на DaimlerChrysler, годинава марката за прв пат почна да носи пари на сметката на концернот. Од понудата беа повлечени два модела и во моментов марката ги нуди само двоседите, во класична и во кабриолет изведба.
Организацијата на марката е рационализирана и целосно е интегрирана во групацијата Mercedes. Новиот Smart Fortwo почна да се продава во Европа во април. Во мај се продадени 12.200 возила и тоа е за 71 процент повеќе отколку во истиот месец во минатата година.
|