|
14.01.2008 |
Производителот од Волфсбург годинава стартува со две нови
тркачки серии во кои главниот јунак ќе биде Volkswagen Jetta во верзија
со бензински и во верзија со дизел мотор.
Бензинецот Jetta TSI е планиран за
купот во Велика Британија, додека тркачот со дизел во носот Jetta
TDI ќе се натпреварува во купот во САД зарди промовирање на дизелите на
производителот на пазарот кој е претежно ориентиран кон бензин.
За жал официјалните податоци се достапни само за
бензинската верзија. Моторот TSI кој во сериската верзија од зафатнина од 1.4 литри
остварува здрави 167 коњски сили во тркачката верзија носи дури 226 коњи. Сето
ова благодарение на тјунерската технологија добиена од три фирми Superchips,
Milltek Sport и Turbo Dynamics.
Останатите елементи вредни за спомнување се шест
степениот мануелен менуваш врзан со самоблокирачки диференцијал, синтер спојка,
тркачки издув и огромни вентилирачки дискови со пречник од 360 милиметри кои
напред ги притискаат сопирачки клешти со дури 12 клипа.
Автомобилот е тежок 1.223 килограми и вози на
леснометални бандажи од BBS со дијаметар од 18 инчи и се обуени во гуми 225/40 од Hankook.
 
|