Производителот од Минхен подготви две нови верзии на
својот најмал модел Серија 1 наречени Lifestyle
и Sport кои ќе ја доживеат светската премиера на есен на претстојниот салон во
Франкфурт.
Верзиите Lifestyle
и Sport ќе се нудат во моделите со три и со пет врати. Клиентите кои ќе се одлучат
за купето и кабриолетот на Серија 1 остануваат покуси за двете нови понуди.
BMW
Серија 1 Lifestyle
нуди стилизирана екстравагантност со специјално измиксана
кафена боја со метален ефект наречена Marrakesh
Brown Metallc. Автомобилот дополнително го украсуваат хромирани
издувни цевки и посебните леснометални банаджи со дијаметар од 17 инчи наменети
само за оваа верзија.
Тонот на бојата продолжува и во внатрешноста. Лајсните на
арматурата и делот од централната конзола се обоени со истата Marrakesh Brown Metallc боја, додека во Magma
Brown - магма кафена
боја се поставени средишниот дел од седиштата, страниците на потпирачите за
глава и облогите на вратите.
BMW
Серија 1 Sport доаѓа со пакетот на M
Sport кој покрај визуелниот идентитет на спортист нуди
дополнително стегнато подвозје и леснометални бандажи кои можат да бидат со
пречник од 17 или 18 инчи.
Специјалната едиција на спортската верзија на Серија 1 е
обоена во исто така посебно измешана сива боја со метален ефект наречена Ferric Gray. Внатре бојата се повторува на делот од арматурата, централната конзола и
рачките на вратите.
Седиштата напред се спортски со испакнати страници, педалите
се од алуминиум, рачката од менувачот е спортски куса, а на воланот е залепено
логото на M Power
постојано да потсетува што држите в раце.
BMW
двете специјални едиции Lifestyle и Sport ги
нуди со бензински или дизел мотор кои работат и во останатите верзии и моделски
изведби на Серија
1.
Станува збор за 2.0 литарскиот бензинец кој работи во 120i остварува
170 КС при 6.700 врт/мин и 210 Nm при 4.250 врт/мин
овозможувајќи спринт до 100 km/h за
7,8 секунди и максимална брзина од 224 km/h со просечна потрошувачка од 6,6 L/100
km.
Втоирот морот е дизелот од 118d кој
исто така има зафатнина од 2.0 литри остварува 143 КС при 4.000 врт/мин и
максимален вртежен момент од 300 Nm меѓу 1.750 и 2.500 врт/мин.
Со овој мотор BMW
Серија 1 Lifestyle
и Sport
забрзуваат до темпо 100 за 9,0 секунди и имаат максимална
брзина од 210 km/h.
При тоа фабричките податоци велат дека просечната
потрошувачка изнесува едвај 4,5 L/100
km.
Продажбата на BMW Серија 1
Lifestyle и Sport започнува веднаш по претставувањето во Франкфурт кога ќе бидат објавени
и повеќе фотографии за верзиите и секако цената.
|