Get Adobe Flash player
Еден невообичаен концепт на Ferrari
24.11.2008
ferrari-zobin-1.jpgПод делото на овој најнов концепт автомобил кој го носи беџот на Ferrari се потпишува иранскиот дизајнер Сиамак Руи Декорди кој својата визија на автомобил на иднината ја нарекол Zobin.

Инспирацијата Декорди ја влечел од болидот на Ferrari во Фромула 1 на кого е поставен кокпит од авион ловец. Комбинирањето на болид и авион го однело Декорди во светот на врвната аеродинамика.

Неговите цели при создавањето на Zobin биле насочени кон постигнување на што понизок коефициент на отпор на воздух и подобро лепење за асфалтот.

Оригиналниот преден дел претставува модификувана предница на болид во Формула 1 преточен во скулптура на соврeмена уметност, карактеристика со која може да се опише целиот автомобил.

Но, естетиката е само дел од збирот што го сочинува Zobin. Дизајнерот предвидел во централниот дел на шасијата да работи моќен и ултра ефикасен мотор со ниска емисија на издувни гасови кој ќе биде во состојба да го турка Zobin до максимална брзина од преку 320 km/h.

Иако е претставен како концепт мала е веројатноста Zobin да го види светлото на денот дури и во една ограничена серија.

Zobin пред се е создаден за да се прикаже нестандардниот облик и авагардниот дизајн што би можеле да го имаат автомобилите во иднина.


 

 

 

Facebook