Станува збор за концептот Vision S 500 кој
светлото на денот го здогледа, погодувате каде, на салонот во Франкфурт
претставувајќи се како најекономична и најзелена S Класа на Mercedes.
Генерално Vision
е многу сличен до хибридот S 400 BlueHYBRID кога станува збор за погонот и покрај класичниот мотор со внатрешно
согорување користи електромотор за дополнително зголемување на моќноста и
задржување на потрошувачката во прифатливи рамки.
Главната разлика е што Vison S 500 е plug-in хибрид чии литиум-јонски батерии сместени во багажникот на луксузниот
седан се напојуваат со приклучување на стандрадна електрична мрежа.
Под хаубата на Vison
S 500 исто како и во S
400 BlueHYBRID работи 3.5 литарскиот V6 бензинец со систем за
директно вбризгување на горивото од најнова генерација спарен со електромотор.
Заедно произведуваат околу 370 КС доволни
за спринт до 100 km/h за 5,5 секунди, максимална брзина електронски ограничена на 250 km/h,
просечна потрошувачка од 3,2 L/100
km и емисија на СО2 од само 74 g/km.
Хибридниот модул составен од акумулатрските литиум-јонски
батерии кои го напојуваат електромоторот на задните тркала испорачува моќност
од 60 КС
и максимален вртежен момент од 250 Nm.
Тежината на хибридниот модул е доведена до многу ниско
рамниште и изнесува 215 kg од кои 130 kg им отпаѓаат на акумулаторските батерии. Автономијата на Vision
возејќи само на елeктричен погон е далеку од импресивна и изнесува 30 km.
Батериите максималниот капацитет го достигнуваат по
ќетири часа полнење на стандарден електричен приклучок, а од Mercedes ветуваат дека забрзано се работи на систем кој ќе овозможи полнење на
батериите до максимален капацитет за помалу од 1 час.
Покрај полнењето од електрична мрежа батериите се
напојуваат и од класичнито мотор, но и при сопирање или забавување кога електромоторот
има улога на генератор, а за економичноста на Vision посебно во градски
услови е задолжен и системот старт/стоп.
Сепак, иако конструкциски се потпира на класичната S Класа
и на хибридот S
400 BlueHYBRID, Vision
S 500 е сеуште далеку од сериско производство. Барем така велат
во Mercedes.
Според нив на инженерите им претстои уште многу работа
пред овој луксузен plug-in хибрид да биде спремен за во серија.
|