Get Adobe Flash player
Ексклузивни информации за Skoda Yeti
27.02.2009
skoda-yeti-profil-1.jpgДен откако е фатена на тестирање на северот во Европа и дни пред премиерата во Женева, Vozi.com.mk дознава ексклузивни иформации кои ја дополнуваат сликата за Skoda Yeti.

Новиот малечок SUV кој ќе се продава под беџот на Skoda е создаден за да ја пополни дупката во сегментот под подарувачот на шасијата, Volkswagen Tiguan.

До сега, врежаното мислење, дека Yeti ќе носи димензии слични како Tiguan и дека ќе им ги замрси сметките само на меките теренци како Ford Kuga, Toyota RAV4, Hyundai Tucson е делумно точно.

Имено Skoda Yeti настапува во сегмент кој никнува во просторот меѓу горе наведените SUV и класата во која главен збор води Daihatsu Тerios.

Со други зборови Yeti е создаден за да ги обедени доблестите од двата света и на купувачите да им понуди SUV кој со карактеристиките и просторот ќе се доближи до сегементот на Tiguan, a со цената до сегментот на Тerios.

Skoda Yeti во Македонија ја очекуваме на есен. Основниот мотор кај моделот со погон на четири тркала ќе биде познатиот турбо бензинец на Volkswagen, 1.4 TSI со 125 коњски сили.

Моделот со погон само на предна оска ќе се појави во 2010. Него ќе го задвижува комплетно нов малолитражен мотор.

Цената би требало да стартува од околу 16.000 евра.

 

 

 

Facebook