Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Elantra е автомобил на годината во Турција
29.11.2011

Hyundai Elantra ја освои награда Автомобил на годината во Турција за 2012 година која се доделува веќе 20 години по ред и се смета за една од повредните награди во регионот како и на Стариот континент.

hyundai-elantra-coty-turkey-1-2011-1

Изборот на автомобил на годината во Турција е со поддршка на најреномираниот магазин за автомобили во државата Otohaber кој заедно со жирито го има поделено изборот во 26 категории.

Според жирито Elantra блескала во секоја од овие 26 категории, а посебно се истакнала во категоријата каде што се оценува аеродинамиката. При изборот жирито го наведе следното:

„Овој модел на Hyundai се одвојува од конкуренцијата со перфектниот дизајн на внатрешноста која ја одликува одличниот квалитет на материјалите употребени при нејзина изработка.”

Hyundai Elantra не е само уште еден комфорен седан, туку купувачите ќе можат да уживаат во нејзиниот динамичен лик кој потсетува на купе.”

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook