|
Педесет новинари од САД и од Канада го дадоа својот глас и ги прогласија Hyundai Elantra и Range Rover Evoque за „Автомобил на годината во Северна Америка” за 2012 година.

Традиционално наградата во Северна Америка се доделува за „Најдобар автомобил” и за „Најдобар теренец”, а годинава за најдобри беа прогласени двете исклучителни возила според гласањето на жирито.
Критериумите за избор се: Дизајн, Безбедност, Потрошувачка, Возни карактеристики, Перфроманси, Комфор, Квалитет, Функционалност, Иновација, Задоволство зад волан, Цена и Сооднос вложено/добиено.
Годинава новинарите прво одбираа меѓу номинирани 17 автомобили и 7 теренци и во финале ги испратија Ford Focus, Volkswagen Passat и Hyundai Elantra меѓу автомобилите и BMW X3, Honda CR-V и Range Rover Evoque меѓу теренците.

Жирито на Elantra и додели 174 бода, на Passat 161 и на Focus 155 бодови. Evoque, пак, освои 254 бода, CR-V 142, a X3 94 бодови. Ова е втора ваква награда за Hyundai кој првата ја освои во 2009 година со Genesis, a лани Sonata влезе меѓу трите финалисти.
Hyundai Elantra е избрана и за Автомобил на годината за 2012 во Турција, а во САД ја доби и наградата ALG за „Најголема резидуална вредност на возилото”.
Наградата како и секоја година се доделува на салонот на автомобили во Детроит. Минатата година најдобри беа Chevrolet Volt и Ford Explorer.
|