Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Електричен Fluence за Западна Европа
13.04.2010

Renault при премиерното прикажување на моделот Fluence наменет за Источна Европа најави дека работи на создавање на негова електрична верзија која исто така ќе се појави на пазарот во Европа.

renault-z-e-2010-1

Најновата информација која доаѓа од Renault е дека електричната верзија на Fluence ќе биде наменета исклучиво за државите од Западна Европа и дека класичната верзија на Fluence нема да стои паралелно во понудата.

Значи обичниот Fluence постевен на платформата на Megane ќе се продава само во државите од Источна Европа. Производството на електричниот Fluеncе, исто како и обичниот, ќе се одвива во фабриката на Renault во Бурса, Турција.

Првичните планови на Renault, електричниот Fluеncе да се појави на пазарот во 2011 се на пат да се остварат. Електромобилот сега се наоѓа на напорно тестирање во Израел и доколку се мине како што треба инженерите ветуват дека сериската верзија ќе биде спремна за на пат според планираното.

Но, Fluеncе нема да биде единствениот електромобил во понудата на Renault. Непосредно после него на пазарот ќе се појават уште три електрични модели кои Renault ги најави лани на салонот во Франкфурт.

Според најавите заедно со Fluence на пазарот ќе се појави и електричниот Kangoo, а тоа би требало да се случи на почетокот на летото следната година. Веќе на есен в година треба да пристигне градскиот глушец Twizy, а на лето 2012 последниот од низата градскиот спортист Zoe.

Групата Fluence, Kangoo и Zoe кои покрај орбитирањето во градските средини ќе го комбинираат и со куси релации на отворен пат имаат ист погон. Нив ги задвижува електричен мотор со моќност од 95 КС.

Моќноста на електромоторот е доволно за да обезбеди електронски ограничена максимална брзина од 130 km/h. Брзината е ограничена заради постигнување на што поголема автономија. Од Renault истакнуваат дека со едно полнење на батериите секој од овие три модели има автономија од 160 km.

Градскиот глушец Twizy кој ќе располага со едно, или, евентуално две места за седење има послаб мотор со моќност од 20 КС доволни за максимална брзина од 70 km/h. Twizy има и помала автономија од 100 km со едно полнење на батериите.

Renault истакнува дека паралелно ќе стартува со изградбата на Quickdrop станици каде сопствениците на нивните електромобили ќе можат на брзина да ги заменат празните батерии со веќе наполнети и да го продолжат патот.

Еден ваков начин на давање услуга е исклучително практична варијанта која според брзината на услугата одговара на обичното полнење гориво.

Значи Renault го направи првиот чекор. Сега останува на државните институци да ги препознаат напорите и да понудат одредени бенефиции за сите граѓани кои ќе сакаат да возат на електричен погон.

Британците со својата помош од 5.000 фунти при купување на хибриден или електричен автомобил веќе покажаа дека имаат слух за да го пречекаат новиот технолошки бран на производителите на автомобили.

Renault Fluence Z.E.

Renault Kangoo Z.E.

Renault Twizy Z.E.

Renault Zoe Z.E.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook