|
Audi го претстави својот најнов зелен проект создаден на основата на А1 кој треба да биде првиот сериски модел на новата марка E-Tron која ќе биде електричен пандан на спортскиот оддел Quattro GmbH.

Преку А1 е-tron, Audi во Женева ја даде својата визија за градско возило на иднината. Но за разлика од своите претходници спортските модели кои Audi ги претстави под името е-Tron, малечково не е комплетен електромобил.
Се работи за plug-in хибрид кого го задвижува електромотор, но за зголемување на автономијата користи мотор со внатрешно согорување како генератор кој ги полни литиум-јонските батерии.
И тука се сокрива најинтересниот дел од погонакста спрега на А1 е-tron. Имено како класичен мотор не се користи обичен Ото бензинец туку Ванкел ротациски мотор. Тој е многу покомпактен и полесен и се врти многу повеќе во однос на Ото моторот и нуди многу поголеми перформанси од помала зафатнина.
Движечката сила на А1 е-tron е електромотор има номинална снага од 61 КС и вртежен момент од 150 Nm. Сепак, во моменти кога е потребно снагата накусо може да се зголеми до 102 КС, а вртежниот момент до 240 Nm.
Електричниот мотор е поставан напред попречно заедно со управувачката електроника и ги задвижува предните тркала преку фиксен преносен однос. Во погон се става преку рачка поставена на централниот гребен која има три операции Drive, Reverse и Neutral.
Комплетната погонска спрега кај А1 е-tron е компактна и лесна. Пакетот батерии тежи помалку од 150 kg и е сместен под подот на возилото. Има капацитет од 12 kWh и обезбедува автономија само на електричен погон од 50 km.
Ванкел моторот со еден ротор сочинува заеднички склоп со генераторот. Има зафатнина од 254 сс и работи на константни 5.000 врт/мин. Заради малите димензии моторот е поставен одзади под подот на багажникот.
Неговата екстремно мала тежина и работата без вибрации се причина зошто и кога тој работи автомобилот е тивок како било кој друг електромобил. Резервоарот од кого ванкел моторот се хрaни со гориво има волумен од 12 литри му овозможува на А1 е-tron да вози дополнителни 200 km.
Склопот ванкел мотор и генератор има тежина од 70 kg и произведува електрична енергија со моќност од 15 kW. Притоа потрошувачката е сведена на 1,9 L/100 km, а емисијата на СО2 на 45 g/km.
Audi А1 е-tron тежи 1.190 kg и е способен да забрза до 100 km/h за 10,2 секунди и да оствари максимална брзина од поголема од 130 km/h. Вредности кои се сосем доволни за еден градски автомобил. Mаксималната брзина би можела да биде и поголема но од Audi уверуваат дека на овој начин се штеди батеријата.
Спортски поддесеното подвозје и управување од класичниот А1, Audi го пренесува и во А1 е-tron овозможувајќи му на хибридот одлични возни карактериcтики. За подобар визуелен настап тука се и посебно дизајнираните леснометални бандажи од 18 инчи обуени во гуми со димензии 215/35.
Се очекува А1 е-tron да биде првиот автомобил на Audi од серијата е-Tron кој ќе влезе во сериско производство и ќе го скрши мразот за останатите електромобили на производителот од Инголштад.
|