Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Електрична авангарда од Кина
16.04.2010

Полека стигнуваат најавите за годинешниот автомобилски салон во Пекинг кој полека но сигурно се претвора во една од најважните изложби во светот на автомобилите, а се отвора следната седмица.

iat-koncept-2010-1

Нормално на салонот во Пекинг се очекува доминација на кинеските производители на автомобили, но и сериозен настап на останатите производители ширум светот.

По најавата за настап на преку 50 нови модели на Geely со неговите три нови марки пристигнува и најава за електричните концепти на кинескиот производител IAT наречени Wifeng II, Zhu Feng и eTaxi.

Wifeng II e спортско купе со две места за седење и врати кои се отвораат како галебови крила. Според информациите кои доаѓаат од IAT, ова малечко спортски купе моќе да достигне максимална брзина од 200 km/h и да спринтува од место до 100 km/h за 7,0 секунди.

Дефинитивно перформансите се во рамките на еден спортски автомобил, но најважното во врска со Wifeng II е што тој е електромобил за кого електрмоторот и батериите ги испорачува специјализираната јапонска компанија ENAX.

Вториот електрoмобил на IAT, Zhu Feng, во превод Бамбусов Ветар е минивен со четири места за седење и доволно простор во кабината и багажникот за патување на куси релации и секако за пробивање низ градскиот метеж.

Zhu Feng има максимална брзина од 90 km/h и со едно полнење на батериите е способен да мине 160 km. Карактеристично кај Zhu Feng е компактниот пакет батерии кој моќе да биде заменет со нов наполент за само минута и половина.

Батериите максималниот капацитет го постигнуваат по 8 часа полнење на стандардна електрична мрежа, додека 80% од капацитетот е достапен веќе по 30 минути полнење исто така на стандардна електрична мрежа.

Tретиот концепт на IAT е наречен eTaxi. Моделот личи како класичен седан со многу простор во внатрешноста и во багажникот и прилично впечатлив дизајн кој привлекува на прв поглед. Техниката е слична како и кај моделот Wifeng II.

Како и за Wifeng II и за Zhu Feng и за eTaxi електричниот пакет мотори и батерии го испорачува јапоснкиот ENAX.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook