|
20.07.2011 |
|
Создавањето на електричниот верзија на познатиот SUV на Toyota, RAV4 е во завршна фаза на развој, но според менаџерот за маркетинг на марката Гери Јоза тој нема да се продава во салон.

Електричниот SUV, како што пишувавме, Toyota го развива во соработка со Tesla Motors чија техника работи под ламарината. Развојниот пат бил макотрпен, но сепак инженерите на двете компании успеале да го најдат вистинскиот пат.
Сега новата генерација на електричниот RAV4 е оперативно возило и може да се употребува во секојдневниот сообраќај. Но, развојниот пат ќе продолжи до следната година кога возилото ќе биде спремно за производство.
За жал нема да се нуди во слободна продажба туку ќе биде понудено на компании и организации за флотна употреба. Причината за ваквата одлука на Toyota е слабата продажба на претходниот електричен RAV4.

Тој се продаваше меѓу 1996 и 2003 година и оствари продажба од само 1.900 примероци. Во тоа време беше единствениот автомобил на светот со батерии никел-метал-хидрид, а со едно полнење на батериите изминуваше 200 километри.
|