Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Електричната Lada доаѓа в година
18.11.2011

Брзо откако AvtoVAZ најави дека тестирањата на електричната Lada се во завршна фаза пристигнува информацијата дека автомобилот е готов и дека продажбите стартуваат в година.

lada-ellada-1-2011-2

Електричната Lada, или Ellada, е поставена на основата на Lada Kalina и во кабината воопшто не се разликува од неа, а и од надвор нема битни разлики бидејќи приклучокот за полнење се сокрива на место на капачето од резервоарот.

Од AvtoVAZ наведуваат дека Ellada до 100 km/h забрзува до 13,6 секунди и достигнува максимални 140 km/h. Автономијата изнесува 140 километри, а за полнење на батериите се потребни 8 часа на стандардна електрична мрежа.

Потпредседателот на AvtoVAZ, Евгениј Шмелев наведува дека првичната информација за цената од 36.000 евра е пренагласена и дека реалната цена на производен автомобил изнесува 24.000 евра.

Но, според Шмелев ниту ова нема да биде малопродажната цена на Ellada. Taa е поставена на 19.200 евра, или половина од цената на чинење на Mitsubishi i-MiEV кој наскоро стартува со продажба на рускиот пазар.

Шмелев исто така неведува дека Ellada практично нема трошоци за одржување заради што се очекува автомобилот да се исплати по две години користење. Воедно при купување ќе се добива субвенција од 10%.

Продажбите стартуваат во првото три месечје од следната година и покрај Ë-мобил, Ellada ќе биде вториот руски електромобил.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook