Get Adobe Flash player
Електричниот Fiat 500 оди во серија
23.03.2010

Алијансата Fiat – Chrysler потврдува дека електричната верзија на Fiat 500, BEV ќе се појави на пазарот во САД во 2012 која ќе биде клучен елемент за успешната иднина на алијансата во Северна Америка.

fiat-500-bev-2010-1

Секако за верзиите на Fiat 500 со класични мотори нема да се чека до 2012. Тие на пазарот во САД пристигнуваат уште годинава и треба да создадат поволна основа за електромобилот на Fiat.

Во соопштението што Chrysler го испрати до медиумите се вели дека Chrysler Group од почетокот на 2012 ќе стартува со производство на еклектричниот автомобил Fiat 500 BEV за американскиот пазар.

Од Chrysler истакнуваат дека цената на новиот електромобил ќе биде објаена пред стартот на продажбата, бидејќи сеуште се работи на ценовно позиционирање на малечкото на пазарот во САД.

Без оглед на потврдата дека Fiat 500 BEV оди во серија ниту од Chrysler, ниту од Fiat не откриваат ништо за техничките каракетристики на електромобилот.

Се знае дека енергијата во Fiat 500 BEV ќе доаѓа од пакет на литиум-јонски акумулаторски батерии и дека за развој на автомобилот ќе биде задолжен центарот за развој на Chrysler во Оубрн Хилс во сојузната држава Мичиген.

Прототипот на Fiat 500 BEV првпат беше прикажан на салонот во Детроит и ниту тогаш и ниту сега од Fiat нема информација дали електромобилот ќе се продава и во Европа.

 

 

 

Facebook