Get Adobe Flash player

Електро концепт од Fiat 500
13.01.2010

Во Детроит Fiat претстави концепт на електрична верзија на малечкиот 500 која на прв поглед плени заради карактеристичниот аеродинамичен кит превземен од својата жешка верзија со лого Abarth.

fiat-500-bev-2010-1

Електромобилот го носи полното име Fiat 500 BEV, a oднадвор разликите во однос на Abarth се однесуваат само на новите леснометални бандажи и секако отсуството на издувни цевки.

Внатре концептот 500 BEV може да се пофали со ново обликувани предни седишта преслечени со цервено-црна кожа, дигитален мерач поставен во инструментот која ја прикажува наполентоста на акумулаторските батерии и растојанието кое може да се мине.

Место рачка од менувач на центрлната конзола се поставени копчиња. Едно за  вклучување на одот за возење напред, друго за возење назад, трето за лер и четвртото е паркинг позиција.

Она што највеќе не интересира, а тоа е што се сокрива под ламарината, од Fiat сеуште не откриваат. Не се знае ништо за погонот, неговата моќност и бројот на електромотори, нивната моќност, типот на акумулаторските батерии, нивниот капацитет, автономијата на 500 BEV...

Се знае само времето потребно за да се наполнат акумулаторските батерии. Приклучени на стандардна електрична мрежа тие се полнат за 10 часа, а приклучени на посебна високонапонска мрежа потребни се 5 часа за полнење.

Во соопшетнието што доаѓа од Fiat стои дека концептот 500 BEV е заеднички проект на инженерите од Fiat и до Chrysler и дека ја користи модуларната технологија за електромобили која Chrysler ја развива изминатите години.

Целта на концептот е да се открие начинот на кој електричниот погон со неговите гломазни акумулаторски батерии може да се смести во еден мал автомобил. За сега нема збор за сериско производство.

 
Get Adobe Flash player