|
12.08.2011 |
|
KTM прикажа концепт на електромобил со три тркала и две места за седење чија единствена намена е пробивање низ градскиот метеж и лесно наоѓање на паркинг место во пренатрупаните урбани средини.

Името на концептот е KTM E3W и неговата цел е да му конкурира на Renault Twizy на пазарите низ Европа со тоа што ќе понуди слични перформанси и трошоци за одржување и возење по пониска цена.
Она што е интересно кај KTM E3W е што има врати кои се отвораат во стилот на Lamborghini. Триколката е направена од пластични и композитни материјали заради што има ниска тежина која не преминува 500 килограми.
E3W го задвижува електромотор со моќност од 20 КС кој енергијата ја добива од пакет литиум-јонски батерии, кои пак, имаат доволно џус да го задвижуваат цели 100 километри што е и повеќе од доволно за еднодневни потреби во град.
Од KTM истакнуваат дека E3W во моментот е само концепт кој ќе продолжи да се развива во следните две години. Најавуваат старт на негово производство дури во 2013 година.
Плановите се годишно да се произведуваат по околу 50.000 примероци по цена која ќе почнува од 5.000 евра.
|