Get Adobe Flash player
Електромобил Valmet Eva
19.02.2010

Независниот производител на автомобили од Финска, Valmet Automotive којшто ги склопува моделите на Porsche, Boxter и Сayman и стартува со производство на Fisker Karma разви сопствен електромобил.

valmet-eva-2010-1

Првиот електричен автомобил на Valmet наречен Eva e развиен од страна на инженерите на компанијата со намена да биде градски автомобил со 2+2 места за седење и автономија на движење од 160 km со едно полнење на батериите.

При конструирањето на Eva, Valmet соработувал со финскиоти енергетски гигант Fortum кој е водечка компанија за управување со енергијата која работи во нордиските земји, Русија и кругот на држави околу Балтичко Море.

Сите компоненти од погонскиот систем на автомобилот се развиени од Fortum и прилагодени на шасијата и каросеријата дело на инженерскиот тим на Valmet. Eva ќе се произведува во нови погони специјално изградени за неа.

Плановите на Valmet се во новиоте погони во иднина да се произведуваат и други верзии на истата платформа. Покрај со Fortum, Valmet при создавањето на Eva соработувал и со Nokia во импелментирање на новиот Human Machine Interface кој функционира преку конекција на мобилен телефон.

Valmet Eva ќе биде пионер во имплементирање на новоразвиениот интерфејс кој ги поврзува човекот и машината, а неговата демо верзија како дел до Eva ќе биде прикажана на салонот во Женева.

Вистиснкиот лик на електромобилот и неговите технички карактерситики и технологијата со која ќе располага сеуште не се отркиваат во целост. Но, од Valmet истакнуваат дека сите детали ќе бидат обелоденети на премиерата во Женева.

 

 

 

Facebook