Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Електромобил во ретро стил
19.08.2011

Една ваква креација може да доаѓа само од Morgan. Старомодната британска марка која успешно држи чекор со новото време се зафатила со конструирање на модерен електромобил во ретро стил.

morgan-garaza-1-2011-1

Интересно е што современата технологија на електричниот погон ќе биде вградена во автомобил кој е создаден со помош на класичен, поточнo традиционален терк кого Morgan го користи повеќе од 100 години.

Електромобилот на Morgan ќе биде создаден со помош на низа компании кои произведуваат компоненти за електрични возила и според извори од компанијата ќе бидат избрани најдобрите компоненти кои во моментот се нудат на пазарот.

Инженерите веќе одамна работат на неговиот развој, а првиот прототип кој е многу блиску до серискиот модел ќе биде прикажан за неполн месец во Велика Британија.

Електричниот Morgan e создаден на шасијата на моделот Aero Supersport и затоа ќе го носи името Aero Supersport +E, и место моќниот V8 на BMW под хауба ќе носи електромотор со моќност од 95 КС.

Според инженерите на Morgan благодарение на лесната конструкција од панели на алуминиум моќноста е доволна за на Aero Supersport +E да му озовможи пристојни перформанси.

Електромоторот енергијата ќе ја добива од пакет литиум-јонски батерии кои ги испорачува специјалистот Zytek. Во моментот од Morgan молчат за перформансите и автономијата на електромобилот.

Она што остава впечаток е податокот дека електромоторот е спарен со класичен мануелен менувач нешто што до сега не го направил ниту еден производител. Но, во Morgan истакнуваат дека тоа е дел од традицијата на марката.

Нивните инженери се потрудиле и успеале да направат одлична симбиоза и да достигнат добри перформанси и поголема автономија. Овие нешта се дел од традиционалниот начин на градба на автомобил велат од Morgan.

Кога ќе почне сериското производство на Morgan Aero Supersport +E сеуште не се знае.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook