Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Тоа е новиот Citroen C4
01.06.2010

Citroen најави светска премиера на новата генерација на C4 на есен на салонот во Париз, но експертите за маркетинг на компанијата одлучија првите информации за новиот компакт да ги дадат веднаш.

citroen-c4-2010-1

Воедно од Citroen ги објавија и првите официјални фотографии од автомобилот чив дизајн повлекува елементи и стил од концептот DS High Rider којшто треба да биде идниот DS4 и ќе се појави следната година.

Првичните информации се дека се менува концептот во понудата на Citroen. Имено C4 останува да се нуди како Berlina, односно хечбек со пет врати, додека С4 со три врати, или, С4 Coupe нема да има. Негова замена ќе биде токму DS4.

Новиот С4 и во кабината го наследува стилот претставен со DS High Rider. Иста е арматурата, инструментите, воланот, седиштата... Генерално стилот на С4 сега е многу поконзервативен и е на иста бранова должина со стилот на поголемиот С5.

Многу новини се сокриваат и под ламарината бидејќи С4 почива на нова платформа која прв ја понесе актуелниот сестрински модел Peugeot 308.

Тоа значи подобро лежење на пат, попрецизно управување и дека конструкторите се откажале од фиксен централен дел на воланот и од централно поставениот LСD екран, ставајќи ги инструментите повторно пред очите на возачот.

Воедно значи и дека новиот С4 е значително поголем автомобил од актуелниот модел и во должина мери 4.329 mm, широк е 1.789 mm и висок е 1.491 mm. Меѓуоскиното растојание мери 2.608 mm.

Со зголемувањето на димензиите покрај кабината нараснал и багажникот кој сега мери одлични 408 литри за класата во која припаѓа, или раст од цели 82 литри што воопшто не е за занемарување.

Под хаубата ќе работaт бензинците VTi со 95 и 120 КС и турбо изведбата THP со 156 КС. Дизелите HDI се нудат во изведба со 92 КС, 112 КС и 150 КС, а понатаму се очекува хибридниот погон на PSA со дизел мотор спарен со електромотор.

Од Citroen истакнуваат дека нема премногу да чекаат со комерцијализацијата на новиот С4 и дека првите примероци ќе пристигнат на пазарите во Европа веднаш по премиерата во Париз.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook