Get Adobe Flash player
Ете тоа е Lexus CT 200h
24.02.2010

Ова се првите официјални фотографии на првиот компактен автомобил на Lexus, CT 200h кои доаѓаат во облик на протечена информација од каталогот на компанијата наменет за своите дилери.

lexus-ct-200h-2010-1

Автомобилот којшто е создаден според концептот LF-Ch кого Lexus го прикажа на салонот во Франкфурт минатата година и претставува интерпретација на зададената тема, секако со сите приземнувања и отстапки кои морале да ги направат дизајнерите за да го подготват за сериско производство.

Компактниот Lexus по димензии е типичен претставник на класата со должина од 4.320 mm, ширина од 1.765 mm и висина од 1.430 mm. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.600 mm, a трагата напред/назад изнесува 1.525 mm.

Волуменот на багажникот изнесува 345 литри и моќе да се зголеми до максимални 700 литри со преклопување на задната клупа. Она што го прави различен од останатите европски компакти и оние од премиум класата е хибридниот погон.

Lexus CT 200h по димензии е сличен и со Toyota Prius, односно малку е помал од неа, но затоа го носи нејзиниот хибриден систем со никел-хидрид акумулаторски батерии, електромотор, бензински мотор од 1.8 литри со варијабилно управување на вентилите VVT-i и електронски контролиран менувач со варијабилен континуиран пренос Е-CVT.

Иако го носи погонот на Prius, Lexus CT 200h е поставен на сосема нова платформа која назад носи мултилинк оска, а напред носи опружна нога од типот McPherson, што би требало да му донесе одлични возни карактеристики за борба со главните конкуренти на европскиот пазар BMW Серија 1 и Audi A3.

Сериски Lexus CT 200h ќе носи леснометални бандажи од 17 инчи, а возачот ќе може да бира еден од четирите модуси на возење: EV само со електромотор, Eco, Normal и Sport.

Кога ќе се одбере модусот спорт Lexus CT 200h го менува карактерот со подобар одзив на моторот на педалот за гас, постегнато управување и префрлање на менувачот при повисоки вртежи и менување на бојата на осветлувањето на таблата со инструменти станува црвенa.

Светската премиера на CT 200h е закажана за салонот во Женева, а продажбата Lexus ja најавува некаде за втората половина на годината.

 

 

 

Facebook