|
02.07.2007 |
Членовите на Европскиот совет на 1 јули на состанокот во
Луксембург едногласно гласаа за намалување на емисијата на CO2 на 120 g/km до 2012.
Овој предлог закон и испраќа јасна слика на
автомобилската индустрија дека сегашните напори за смалување на СО2 мора да
продолжат. Според новиот предлог смалувањето на емисијата на СО2 ќе се случи со интензивен развој на технологијата и зголемување на употребата на био-горива.
Меѓутоа голем проблем искрснува за не фер односот кон
германските производители кои прават поголеми и помоќни автомобили кои трошат
повеќе гориво и загадуваат повеќе наспроти производителите од Франција и
Италија кои прават помали и поекономични автомобили.
Секако како што им доликува на политичарите, во Европскиот
совет не е постигнат договор како да се справат со овој проблем, но советот
како што е нагласено нема да ги финализира новите стандарди до крајот на
годината.
Европскиот совет треба да достави предлог како новите стандарди
ќе се носат со овој проблем на разлика меѓу производителите на големи и мали
автомобили.
Што значи дека за германските производители сепак постои
недеж.
|