|
19.09.2011 |
|
Се појави првиот компјутерски генериран лик од новата генерација на серијата 3 на BMW кој е создаден врз основа на малкуте шпијунски фотографии уловени при тестирањето на новиот баварски бестселер.

Сликата ја објави една од многуте интернет страници на фан клубови на BMW, Bimmersport каде стои дека прикажаниот автомобил е најверна слика на новата генерација на Серија 3 и дека оригиналот ќе личи многу слично.
Ова го потврдува и инсајдер на BMW кој учествувал во создавањето на компјутерскиот лик на F30 како што гласи кодната ознака на новата „Тројка”, а претходно го имал видено автомобилот во живо.
Најинтересниот дизајнерски потег кај новата Серија 3 се предните светла чив облик и оптика BMW до сега ги употребаувал само кај концептните возила, но сега тие би требало да заживеат во серија.
Според информацијата на инсајдерот BMW планира да ја прикаже новата Серија 3 кон крајот на годината, додека светската премиера би се случила в година во март на салонот во Женева.
|