Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Европски автомобил на година – финалисти
13.10.2008
car-of-the-year-2009-logo.jpgЖирито за избор на Европски автомобил на годината работи со полна пареа и ги објави седумте финалисти кои влегоа во потесен круг за избор на Автомобил на годината во Европа за 2009.

Седумте финалисти се избрани од вкупно 38 кандидати кои беа пријавени на изборот. Во моментов директен фаворит нема и токму поради тоа се очекува голема борба за превласт и освојување на престижната награда меѓу седуммината избрани.

Минатогодишниот добитник на наградата и Европски автомобил на годината стана Fiat 500 кој мноштвото гласови ги доби заради исклучителната безбедност и одличниот дизајн во ретро стил.

Годинава нема автомобил што отскокнува. Некои од екстравагантните примероци како BMW Серија 7, Jaguar XF, Volkswagen Scirocco, Mercedes GLK... не влегоа во финалето и затоа се очекува изедначена битка.

Жирито на Европскиот автомобил на годината го сочинуваат 59 членови кои претставуваат 23 држави. Бројот на претставници во жирито зависи од големината на државата, поточно големината на автомобилскиот пазар и неговата важност и влијание врз производителите на автомобили.

Поради ова државите како Франција, Германија, Велика Британија, Италија и Шпанија имаат по шест члена во жирито. Годинава победникот ќе биде прогласен за Европски автомобил на годината за 2009 на 17 ноември.

На 17 ноември ќе го знаеме изборот на жирито, но што дотогаш, кој е вашиот автомобил на годината од предложените финалисти?

Седумте финалисти се:

Alfa Romeo Mito

Citroen C5

Ford Fiesta

Opel/Vauxhall Insignia

Renault Megane

Skoda Superb

Volkswagen Golf VI

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook