Get Adobe Flash player
Европскиот Nano спремен за напад
10.12.2009

Tata сериозно го развива проектот Nano со намера најевтиниот автомобил на светот да стане глобален феномен. Прва на удар ќе биде Европа, бидејќи европската верзија e готова.

tata-nano-europa-2010-1

Големиот интерес што го предизвика Nano од самото појавување ги натера одговорните во Tata да ги рашират видиците и да размислуваат како да го освојат светот.

Автомобилчето кое веќе се продава во Индија од почетокот на годината со цена која во просек изнесува околу 2.200 евра станува сериозен играч на домашниот пазар.

Верувајќи дека истото ќе се случува и во Европа во Tata го завршија развојот на европската верзија Nano Europa која прв пат беше претставена на годинешниот салон во Женева.

Секако Nano Europa нема да чини 2.500 долари, односно 1.700 евра. Ќе биде повеќе од двојно поскап заради поголемата опременост, зајакнувањата направени на патничкиот кафез заради поголема безбедност и воведување на безбедносни системи кои кај индиската верзија отсуствуваат.

Nano Europa ќе го задвижува бензинец со три цилиндри и зафатнина од 1.0 литри кој кон предните тркала преку пет степен мануелен менувач испорачува малку повеќе од 60 КС.

Колку за споредба индискиот Nano има мануелен менувач со четири степени. Моќноста е намалена заради задоволување на европските стандарди за емисија на издувни гасови.

Понатаму европскиот Nano во должина мери 3.300 mm, помалку од било кој мини автомобил што се продава во Европа, освен од Smart, но тој е повеќе од два пати поскап. Најблиску со димензии се Chevrolet Spark и Hyundai i10, но и тие се поскапи од него.

Европската верзија на Nano има независна суспензија одзади што не е случај со индиската верзиај, а од сериската опременост нуди две воздушни перници, стандард во овој сегмент и кај другите производители, ABS, контрола на тракција, и електрично серво управување. Од дополнителна опрема на располагање се леснометални бандажи од 14 инчи.

Цената на Nano во Европа ќе изнесува 4.500 до 5.000 евра што е значително помалку и од Chevrolet Spark и од Hyundai i10. А кај нас ќе биде на ниво на цената на едно Yugo.

Експертите сметаат дека појавувањето на Nano во Европа кое ќе се случи за околу една година од сега ќе го сврти пазарот на мини автомбили на глава.

 

 

 

Facebook