Судот на европската унија во Луксембург објави дека
законот на Volkswagen e неваллиден
бидејќи не е соодветен, односно ги крши сегашните закони кои важат во EУ.
Како што објавивме пред една седмица Porsche ја покрена тужбата
до Европскиот суд поради стариот „закон на VW¨ кој забрануваше, ентитет без оглед на висината на акциите
што ја поседува во VW, да има
повеќе од 20 проценти од гласачките права.
Овој закон кој
е влезен во сила во 1960 се противи на европските права за слободно движење на
капиталот. Воедно истиот им гарантираше на провинцијата Долна Саксонија и на
германската влада по две места во управниот одбор на VW во случај некој да
купи мнозински пакет на акции.
Но, сега и тоа се смени. Пресудата на Европскиот суд
најверојатно ќе има сериозни последици за најголемиот производител на
автомобили во Европа. Европскиот суд ги прифаќа аргументите на Европската
комисија според кои законот ги одвраќа инвеститорите и поради тоа го спречува
слободното движење на капиталот во унијата.
Германската влада која падна на суд не успеа да ги убеди
судиите дека законот на VW служи за
заштита на работниците во компанијата и за зачувување на работните места.
Провинцијата Долна Саксонија ќе го задржи својот дел од
акциите во VW кои
изнесуваат 20,8 проценти и покрај отфрлување на законот. По тој повод
министерот Кристијан Вулф изјави дека „владата на Долна Саксонија ќе продолжи
со имплементирање на својата цел, а тоа е Volkswagen да биде
компанија кој успешно се развива со голема продажба и доволен број на работници
со сигурни работни места, особено во филијалите на VW кои се наоѓаат во Долна Саксонија.”
За позитивен развој на компанијата придонесува и Porsche. „Со помош на Porsche и на провинцијата
Долна Саксонија, Volkswagen
е заштитен од не сериозни инвеститори,” дополни Вулф.
|