Тесната соработка меѓу дизајнерско студио IED или Instituto Europeo di Design од Торино и американскиот производител на електрични автомобили Tesla Motors роди еден интересен концепт.
Нарчен EYE или око концептот претставува спортски електромобил кој му припаѓа на сегментот на компатни автомобили и кој со модерниот дизајн, современата технологија и ниската цена за цел ја има младата урбана публика со развиена свест за заштита на животната средина.
Дизајнот на EYE е скроен според европски вкус, а на чело на проектот стојат еден од главните дизајнери на Pininfarina, Лука Бороњо и дизајнер во Fiat, Андреа Милитело.
Концептот во должина мери 4.250 mm, широк е 1.800 mm и висок е 1.360 mm. Меѓусокиното растојание изнесува 2.650 mm. Димензии кои одговараат на пополарната класа на компакти во Европа.
EYE внатре нуди 2+2 места за седење и е задвижуван од електричниот погон на Tesla. Интересно е што без оглед на аспирациите за масовно производство креаторите на EYE се одлучиле за погон кој за сега го носат мал број на автомобили кои се произведуваат во многу мали серии.
Ако се тргне настрана прагматичноста тогаш EYE е успешен концепт кој доколку заживее во серија несомнено ќе им ги замрси конците на останатите комапкти, посебно за оние кои најмногу орбитираат во градските средини.
Со храбриот дизајн, огромното панорамско стакло на кровот кое се отвора за да се ужива во возење со ветер в коси и го претвора EYE во полуродстер, оптимален простор во кабината и багажникот освоен со поставувањето на акумулаторите под задните седишта EYE е убаво осмислен концепт.
Уште повеќе ако се знае дека при неговото создавање тимот соработувал и со Pirelli кој ги испорачал висико перформансните и штедливи гуми, но и со специјалистот за тркала OZ Racing кој ги испорачува леснометалните бандажи.
Без оглед што за сега останува како дизајнерска студија можностите на електричниот погон на Tesla можат да го претворат во вистински спортски електромобил.
Неговата светска премиера се очекува на салонот во Женева.