Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
F700 ултра луксузен концепт од Mercedes
17.09.2007
f700-1Најважниот концепт на Mercedes на салонот во Франкфурт е новата дизајнерска студија F700. Луксузен седан наменет за патување наполнет со еден куп нови технологии за во иднина.

Најинтересната компонента е новиот DiesOtto мотор, четирицилиндричен бензинец со принцип на работа како дизел. Просечната потрошувачка на 5,18 метри долгиот автомобил изнесува невероајтни 5,3 литри на 100 изминати километри, а емисијата на СО2 е соодветни 127 g/km.

Моторот е врзан со новиот хибриден стартер/генератор систем и седум степен автоматски менувач со чија помош автомобилот забрзува до стотка за 7,5 секунди.

Максималната моќност на моторот со внатрешнос согорување е 238 КС, плус 20 КС што доаѓаат од електричниот мотор. Заедно системот остварува максимален вртежен момент од 400 Nm.

Хибридниот модул кој е врзан со стартер/генератор системот дополнително ја смалува потрошувачката претежно во град при возење тргни-застани.

Моторот со внатрешно согорување секогаш се гаси кога менувачот е ставен во лер. Покрај тоа при забавување и сопирање електричниот мотор ја враќа електричната енергија и ги полни литиум-јонските батерии.

Инженерите во автомобилот додале и активна PRE-SCAN суспензија, нов систем кој го скенира патот пред автомобилот со помош на два ласери и автоматски го прилагодува придушувањето на нерамнините.

Друг новитет е и SERVO-HMI „Human Machine Interface” или комуникатор меѓу машината и човекот, односно виртуелен оперативен асистен со кој возачот може да комуницира.

Концептот е дизајниран во студијото за напреден дизајн на Mercedes во Ирвајн, Калифорнија каде како инспирација е земена природата.

Дизјанерските каркатеристики на F700 се препознатлив преден браник, базиран на дизајнот од сегашната S класа, страничните завеси, скриените рачки на вратите и тркала од 21 инч кои наликуваат на турбина, додека нагласените арки над тркалата ги нагласуваат контурите и големината на гумите воедно подобрувајќи ја аеродинамиката.

f700-2f700-3f700-4

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook