|
Mercedes ги прикажа првите официјални фотоси на својот нов концепт на купе со четири врати. Под името F800 Style концептот со среберена ѕвезда на носот ќе ја доживее својата светска премиера во Женева.

Дизајнерскиот тим на Mercedes истакнува дека новиот концепт F800 Style има за цел да прикаже две работи. Првата е на светот да му се понуди новиот стил на Mercedes кој во иднина ќе биде подинамичен.
Првиот сериски модел на Mercedes кој ќе го носи новиот дизајнерски стил е новата генерација на купето со четири врати CLS кое треба да се појави некаде на есен најверојатно на салонот во Париз по што ќе стартува и продажбата.
Втората причина за претставувањето на концептот F800 Style е новото купе со четири врати на Mercedes кое ќе биде позиционирано една класа подолу од CLS, односно ќе стои некаде на средина меѓу Класата С и Класата E како по димензии така и по цена.
Карактеристично за концептното купе со четири врати F800 Style се лизгачките врати, пространата кабина со пет места за седење и футуристички уредениот ентериер кој сигурно нема да заживее кај сериската верзија.
Инженерите на Mercedes развиле две верзии со кои акцент се става на модуларната платформа наречена multi-drive. Новата платформа нуди електричен погон со горивни ќелии и plug-in хибрид.
Верзијата со погон на горивни ќелии користи систем кој се сличен на Класа В F-Cell со електричен мотор со моќност од 136 КС, кој кај F800 Style ги задвижува задните место предните тркала и има автономија од преку 600 km.
Хибридната верзија користи бензински V6 со моќност од 300 КС кој е спарен со електромотор со моќност од 109 КС кој снагата ја добива од пакет литиум-јонски батерии кои можат да се надополнуваат и со приклучување на редовна електрична мрежа.
Според податоците на Mercedes F800 Style plug-in хибрид е псособен да спринтува до 100 km/h за 4,9 секунди, да достигне максимална брзина од електронски ограничени 250 km/h и во просек да потроши ниски 2,9 L/100 km.
Хибридот е способен да вози само на електричен погон до далечини од околу 30 km, а максималната брзина што може да се постигне доколку во погон е само електромоторот изнесува 120 km/h.
Интересно е што сериската верзија на оваа plug-in хибридна платформа првпат ќе биде вградена во новата генерација на S Класата на Mercedes. Она што сигурно нема да го видиме наскоро во серија е концептот на отворање на вратите.
Имено додека предните врати имаат класичен систем на отворање, задните врати се отвораат со лизгање, но немаат систем со лизгачка шина што е вообичаен кај овој тип врати, туку се закачени на ротирачка рака која влегува и излегува од кабината. Воедно кај концептот F800 Style отсуствува централниот В носач.
Во F800 Style е поставен и новиот човек-машина интефејс или Human-Machine Interface HMI кој е технолошко продолжение на COMAND системот на Mercedes, а поставени се и сите безбедносни системи познати од останатите актуелни модели на производителот од Штудгарт.
Mercedes нагласува дека важноста на концептот F800 Style се пред се новите модуларни зелени платформи, но и новиот стил кој е предвесник на новито дизајнерски израз на најстариот производител на автомобили на светот.
Mercedes F800 Style ќе ја доживее светската премиера на салонот во Женева.
|