Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Fabia RS може да се нарача
28.04.2010

Skoda во своите дилерски центри ширум Европа ги отвори списоците за нарачка на новата генерација на спортската Fabia RS иако автомобилот сеуште не се симнал од производните ленти.

skoda-fabia-rs-2010-1

За разлика од претходникот новата Fabia RS се оградува од моќниот турбо дизел и како што доликува на еден спортист носи турбо бензинец кој подеднакво нуди доволно коњски сили и висок вртежен момент.

Skoda Fabia RS светската премиера ја доживеа на салонот во Женева, но дури сега треба да влезе во сериско производство. Првите примероци најверојатно ќе пристигнат кај купувачите на почетокот на летото.

Покрај хечбекот со пет врати Skoda го нуди и комбито на Fabia во RS изведба.

Fabia RS и Fabia Combi RS доаѓаат со уникатен ентериер направен само за нив, со спортски предни седишта во чиви потпирачи е извезено препознатливото лого RS, здебелен кожен волан со рамно дно и алуминиумски педали.

Однадвор се препознаваат LED светлата за магла, спојлерот на кровот, леснометалните бандажи од 17 инчи со Giugaro дизајн и можноста за двобојна каросерија.

Под хаубата на двете RS верзии ќе работи 1.4 литарскиот турбо бензинец TSI со 180 КС при 6.200 врт/мин и вртежен момент 250 Nm расположиви од 2.000 до 4.500 врт/мин. Моторот се спарен со новиот седум степен DSG менувач.

Максималната брзина изнесува 226 km/h, а спринтот до 100 km/h трае само 7,6 секунди. Fabia RS е опремена и со новиот електронски самоблокирачки диференцијал XDS кого го користи и Golf GTI и Seat Bocanegra.

Од Skoda ги објавуваат и цените. Fabia RS во Чешка ќе чини околу 19.500 евра, додека Fabia Combi RS ќе чини околу 20.200 евра.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook