Get Adobe Flash player
Фабрички тјунинг за Honda Insight
15.01.2010

Honda подготвува специјална верзија на својот хибрид Insight која ќе биде прикажана на тјунинг шоуто кое се одржува викендов 15 до 17 јануари во јапонската престолнина Токио.

honda-insight-modulo-2010-1

Концептот на Insight е создаден во фабричкиот оддел за тјунинг на Honda кој го носи името Modulo. Insight Sports како што е наречена оваа специјална верзија е препознатлива пред се по новите аеродинамички додатоци.

Напред покрај новиот преден браник кој завршува со рамни страници и во кого се вкомпонирани светлечки диоди кои ја превземаат улогата на светла за магла, се наоѓа и нова маска со пособен отвор за доток на воздух лево од беџот на Honda. Светлечки диоди се користат и за светлата за возење дење и средните светла.

Од страна новите прагови покриваат и дел од арките на тркалата заради неутрализирање на воздушните вртлози кои се создаваат околу нив. Посебни лајсни се додадени и на носачите на предното и на задното стакло.

Назад новиот браник исто така завршува со рамни страници, а во себе носи и интегриран дифузор. Ниту леснометалните бандажи не се обични кај Insight Sports. Тие однадвор се покриени со четвртина аеродинамичен панел, а од внатре носат аеродинамичен прстен.

Стилските додатоци се однесуваат и на кабината. Дизајнерите напред поставиле спортски седишта преслечени со алкантара и потпишани од Modulo, а алакантара која се користи и за обложување на воланот, рачката од менувачот и рачната сопирачка.

Insight Sports од Modulo е интересен тјунинг концепт за кого во Honda велат дека како пакет од сега ќе им стои на располагање на купувачите на Insight. Не само за новите нарачки, туку и за оние кои веќе купиле Insight.

 

 

 

Facebook