Get Adobe Flash player
Фабриката на PSA и Toyota во Чешка станува тесна
23.04.2007
psa-toyЗаедничката фабрика на Toyota и PSА во Колин, Чешка ќе ја зголеми продуктивноста за да го задоволи интересот за Toyota Aygo, Citroen C2 и Peugeot 107.

Фабриката е предвидена за годишно производство од 300.000 возила и во минатата година оваа квота веќе се достигна со 290.000 произведени примероци – речиси по 100.000 од секој член на успешното трио.

Сега претпријатијата планираат со поефикасно искористување на работните смени да ја зголемат продукцијата на 310.000 возила, за подобро и побрзо да може да се следи големиот интерес за овие малечки возила на пазарот.

 

 

 

Facebook