Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Фалсификат Ferrari
29.02.2008
ferrari-328-gtb-1985-1.jpgПолицијата во Италија фати и обвини 15 луѓе за производство на фалсификат класични модели на Ferrari кои биле продавани по цена десет пати пониска отколку онаа на оригиналните модели.

Според соопштението на новинската агенција Ројтерс полицијата на Сицијила успеала да заплени 21 лажни автомобили од култната марка од кои 14 веќе биле продадени на купувачи, а седум од нив биле во процес на производство.

Вештите мајстори за изработка на фалсификатите употребаувале делови од други автомобили и ги модификувале за да одговараат на нивната креација.

Па така од шасија, кров, хауба, врати, крила, капак од багажник на автомобил донатор се создавале верни копии на прославените модели на Ferrari. Купувачите што се одлучиле за еден ваков автомобил знаеле дека станува збор за фалсификат, па сепак, не можеле да и одолеат на магијата на еден црвен Ferrari.

Најбаран модел бил Ferrari 328 GTB кој не се произведува од осумдесетите години на минатиот век. Цената на еден ваков фалсификат во Италија се движела околу 20.000 евра.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook