|
17.11.2007 |
Францускиот добавувач на автомобилски делови Faurecia,
специјалист за изработка на луксузни интериери на салонот во Лос Ангелес
претстави концепт во ретро стил наречен Premium Attitude.
Faurecia е глобален специјалист за шест главни модули кај
возилата: седишта, врати, арматура, акустични пакети, предници и
издувни системи. А годинава ги покажува своите достигнувања со овој концепт со
чуден лизглед.
Надворешниот дизајн на автомобилот е земен на заем од Tatra
Т603, луксузна лимузина од Чешка која се произведуваше во
шеесетите и седумдесетите години од минатиот век.
Една ваква силуета на класична лимузина беше намерно
избрана за концептот Premium Attitude бидејќи нуди многу сличен простор во
кабината како една модерна Класа Е на Mercdes, Серија 5 на BMW или Audi
A6 и докажува дека вака скроените автомобили сеуште можат да опстанат во
смисол на употребливост и мноштво простор.
Овој коцепт е развиен од еден глобален тим на дизајнери
кои доаѓаат од Франција, САД и Германија и напорно работеа за да го подготват
за салонот во Лос Ангелес.
Целта е да се покаже невата генерација на иновации кај
интериерите кои веќе им се достапни на производителите на автомобили.
|