|
15.08.2007 |
Лимузината на Audi, A8 ќе претрпи благ
фејслифт за 2008. Но измените се толку мали што ќе ви биде потребен еден
вистински аудифил за да ви ги посочи.
Од надвор измените опфаќаат нови ретровизори со
интегрирани трепкачи, нови леснометални бандажи и задни светла LED.
За да се подобрат динамичките својства инженерите ги
редизајнирале управувањето и суспензијата, а додадена е и дополнителна
изолација за патниците да бидат подобро одбранети од звукот.
Амортизерите, лежиштата и сетапот на адаптивната воздушна
суспензија исто така се сменети за да се добие попрецизно и подиректно
управување.
Во рестилизираниот А8 ќе работи и нов бензински V6 FSI од 2.5
литри кој остварува 210 КС и вртешен момент од 280 Nm од 3.000
до 5.000 вртежи.
Разубавениот А8 официјално стартува со продажба во
ноември, а ќе биде претставен на салонот во Франкфурт.

|