Get Adobe Flash player

Фејслифт за Nissan Qashqai
16.12.2009

Nissan ја најави обновената верзија на градскиот кросовер Qashqai чии главни одлики се освежен дизајн, модернизирана внатрешност, ревидирано подвозје и поеколошки мотори.

nissan-qashqai-2010-1

Главниот збор во рестилизирањето на каросеријата го има новата предница. Дизајнерите го смениле ликот на предниот браник, светлаата и маската, поради кои освежениот Qashqai ќе делува посериозно и полуто.

Измените во задниот дел се значително помали и се однесуваат на новата оптика на задните светла со светлечки диоди. Останатите измени се однесуваат на двете нови бои Magentic Red и Mineral Grey, а редизајн на леснометалните банадажи од 16 и 17 инчи.

Според дизајнерите други поголеми измени во дизајнот на кросоверот не биле потребни бидејќи и по две години продажба тој сеуште делува свежо.

Поголеми измени се направени во кабината која ќе биде покомфорна, ќе нуди бело осветлување за инструментите и има подобрена ергономија. Меѓу инструментите е сместен голем LCD екран на кого се појавуваат исцрпни информации од патниот компјутер.

Инженерите тврдат дека зголемениот комофор се должи на новите материјали употребени за изилација на кабината која сега е потивка и во неа се пренесуваат помалку вибрaции од подвозјето и моторот.

Заради подобрување на комфорот мали модификации претрпело и подвозјето кое сега има поинаков сетап на амортизерите за поуспешно придушување на ударите.

Најзелен модел ќе биде модифицираниот Pure Drive кој доаѓа со 1.5 литарскиот турбо дизел dCi на Renault, има гуми со помал отпор при тркалање и ќе има емисија на СО2 од 129 g/km. За споредба со актуелниот модел Pure Drive има емисија на СО2 од 137 g/km.

Од Nissan очекуваат продолжување на големиот успех на Qashqai на европските пазари каде од претставувањето во 2007 до сега се продадени преку 500.000 примероци.

 
Get Adobe Flash player