Get Adobe Flash player
Фејслифт за новата Lada Niva
14.05.2010

Новата генерација на Lada Niva, поточно на Chevrolet Niva, името под кое се продава само на пазарот во Русија доби и своја модернизирана верзија чие производство веќе стартуваше.

lada-chevrolet-niva-2010-1

Производството се одвива во заедничката фабрика на General Motors и на AvtoVAZ во Русија. Моделот го носи името Chevrоlet Niva и сеуште не е во план да се пласира на пазарите надвор од Русија. Планови постојат, но кога ќе се случи тоа останува да видиме.

Покрај новиот дизајн наследникот нуди подеднакво одлични карактеристики на терен и покрај постојаниот погон на четири тркала е опремен и со редуктор и блокада на централниот диференцијал.

Подобрено е подвозјето, бучавата од трансмисијата и управувањето кое веќе не е толку индиректно, а инженерите се потрудиле и да и поклонат на новата Niva подобри динамички карактеристики на пат и повисока максимална брзина.

Поставени се нови кардански вратила со поеластични врски, менувачот е комплетно модернизиран и заедно со доработените диференцијали централниот предниот и задниот допринесуваат за наведеното понсико ниво на буџава.

Суспензијата на предната оска претставува комплетно нова конструкција и таа е виновна за подобрите возни карактеристики, управување и комфор при возење.

Голем напредок е постигнат и во подобрување на антикорозивната заштита, посебно во пределот на моторот и централниот гребен каде се сместени менувачот и централниот диференцијал.

Со поставување на заштитни пластики околу долниот дел на каросеријата се избегнува корозија на праговите и под крилата.

Под хаубата ќе работи истиот 1.7 литарец со 80 КС и максимален вртежен момент од 127,5 Nm кој нуди максимална брзина од 140 km/h и потрошувачка од 14,1 L/100 km во град, 8,8 L/100 km надвор од град и 10,8 L/100 km во просек.

Моторот ги задоволува нормите Euro 3. Резервоарот собира 58 литри бензин, а багажникот има волумен од 320 литри кој со спуштање на седиштата расте до 650 литри. Празна, новата Niva тежи 1.410 kg и има носивост од 450 kg. Комплетните димензии ги даваме како цртеж во галеријата

Цените во Русија и нивоата на опременост се следни.

Lada Niva, односно Chevrolet Niva се нуди во две нивоа на опременост L и GLS без клима уред и доколку на овие две нивоа на опрема им се додаде клима уред тогаш тие стануваат LC односно GLC.

Нивото на опременост L содржи: централна брава со далечинско, имобилизатор, алармен уред интегриран со имобилизаторот, електрика на предни стакла,  деллива задна клупа 40:60, пепелник, отвори во подот за довод на топол или ладен воздух до патниците на задните седишта, подготовка за радио, држачи за чаши и кутија за дребулии, црни надворешни ретровизори со греење и електрично местење, челични бандажи од 15 инчи, покривка на резервно тркало во полна големина, висинско местење на предни светла и филтер за прочистување на воздух за кабина.

Со GLS плус се добива: потпирачи за глава на задни седишта, кровна фиока за очила, светло за читање назад, декоративни детали во имитација на четкан алуминиум, греени предни седишта, подготовка за радио со два звучници напред и антена, надворешни ретровизори во боја на каросерија, кровни шини, леснометални бандажи од 16 инчи, резервно тркало во полна големина од лесен метал без прекривка, светла за магла, затемнети стакла.

Како што наведовме клима уредот и кај двете нивоа на опременост доаѓа како опција. Следат и цените Chevrolet Niva со L опрема во Русија чини 420.000 рубљи или 11.120 евра, опремена со клима уред или LC чини 449.000 рубљи или 11.900 евра.

Поопремената верзија GLS чини 469.000 рубљи или 12.400 евра и ако истата е опремена со клима уред, односно GLC чини 497.000 рубљи или 13.150 евра.

Интересно е што освен белата боја сите останати бои што се предвидени за Chevrolet Niva се метализирани, но нема информација колку чини доплатувањето за метален лак.

 

 

 

 

Facebook