Get Adobe Flash player
Ferrari 458 Italia е повикан во сервис
02.09.2010

Италијанската ковачница на змееви Ferrari признава дека има сериозни проблеми со доводот на гориво во Ferrari 458 Italia и постои голем ризик од самозапалување на суперспортскиот автомобил.

ferrari-458-italia-yellow-2010-1

Затоа оваа егзотика од Маранело е повикана во сервис. Ferrari започна сопствена истрага околу проблемот со доводот на гориво во 458 Italia откако неколку примероци веќе се самозапалија оставајќи ги сопствениците со куси раце.

Притиснат од големите жалби и со страв да не пукне брука Ferrari објави официјално писмо до медиумите во кое истакнува дека сите примероци на 458 Italia што до сега излеле од производните хали се повикани во сервис.

Од спроведената истрага инженерите на Ferrari утврдиле дека причини за самозапалување на 458 Italia се две. Првата е бензинскиот вод којшто минува премногу близу до моторот и при високи температури кои ги развива агрегатот постои опасност од запалување на горивото во водот.

Втората причина е адресирана до еден вид леплива смола со која е залепена изолацијата и штитот против топлина во задниот браник. Исто така при високи темпаратури на издувот смолата може да се запали и да предизвика голем пожар во просторот за мотор.

Од Ferrari истакнуваат дека вториот проблем со запалување на смолата ќе го решат со прицврстување на изолацијата и топлинскиот штит со класични метални нитни. Што значи помалку технологија за поголема сигурност.

А што се однесува до бензинскиот вод не се дадени никакви информации за тоа како ќе биде решен проблемот. Единствено постои потврда дека инженерските тимови во Ferrari работат напорно на отстранување на проблемот.

Од Ferrari не даваат бројка кај колку од до сега произведените примероци на 458 Italia се јавиле овие проблеми, односно колку од нив се самозапалиле.

 

 

 

Facebook