Get Adobe Flash player
Ferrari 599 GTB Hybrid ќе осамне во Женева
25.12.2009

Хибридниот систем кого Ferrari одамна го најавува за своите автомобили е спремен за сериско производство и светската премиера ќе ја доживее за помалку од три месеци на салонот во Женева.

ferrari-599-gtb-fiorano-1

Автомобилот кој прв ќе го понесе новиот погон е суперспортистот 599 GTB Fiorаno. Тој го носи системот за регенерирање на кинетичката енергија KERS кого го користеа болидите во Формула 1 во текот на годинешната сезона.

Системот KERS во 599 GTB Fiorаno е поставен на задната оска и е составен од електромотор кој се напојува од литиум-јонски акумулаторски батерии кои се полнат при сопирање и кога автомобилот забавува.

Со помош на системот се овозможува краткорочно зголемување на моќноста на Ferrari 599 GTB Fiorаno кога тоа му е најпотребно при забрзување и престигнување. Како дополнување на KERS е и системот Старт/Стоп кој по желба може да се деактивира кога се вози надвор од град.

Според наведените информации со помош на KERS и на Старт/Стоп, 599 GTB Fiorаno во град драстично ја смалува потрошувачката. Од сегашните 27 L/100 km, 599 GTB Fiorаno ќе троши „само” 17 литри на 100 изминати километри.

Секако ова е добар резултат за автомобил кој под хаубата пакува мала енергана од 6.0 литри и 12 цилиндри во V распоред кои кон задните тркала испорачуваат 620 КС и вртежен момент од 608 Nm.

Од Маранело најавуваат дека ова е само почеток на хибридните системи на Ferrari. Тие истакнуваат дека во фаза на развој е и хибриден систем чии електромотори ќе ги задвижуваат тркалата на една од оските.

Се работи за систем составен од компактни електромотори монтирани внатре во тркалата, односно на главчините на секое од непогонските тркала со што ќе се добие погон на четири тркала слично на погонот HYmotion4 на Peugeot.

Токму овој погон го врзува Ferrari со најавениот SUV од пред две години.

 

 

 

Facebook