|
Ferrari во Женева го обелодени деталите за првиот хибрид во историјата на компанијата кој како што најавивме останува во фаза на концепт, но тоа не го смалува зголемениот интерес за него.

Со полно име Ferrari 599 HY-KERS vettura laboratorio експерименталниот хибрид ветува 35% пониска емисија на СО2 во споредба со 599 GTB Fiorano вредност која воопшто не е за занемарување со оглед на строгите европски норми во иднина.
Ferrari во развојот на својот хибрид користи технологија која потекнува од Formula 1 и таа директно се поврзува со компактниот три фазен електромотор којшто е поставeн во задниот дел на седум степениот менувач со две спојки.
Менувачот по принцип трансаксл е врзан директно со диференцијалот и поставен на задната погонска оска заради подобра тежинска распределба.
Интересно е што дополнителните 40 kg од електромоторот само ја подобруваат тежинската распределба предна/задна оска, но го снижуваат и тежиштето на автомобилот па така Ferrari 599 HY-KERS нуди подобри динамички карактеристики од 599 GTB Fiorano.
Електромоторот нуди снага поголема од 100 КС и ја испорачува кон задната оска преку една од двете спојки на менувачот, а заедно со класичниот бензинец остваруваат специфична снага од 127 КС по литар зафатнина.
Алгоритмите на управувачката електроника се превземени директно од F1 управувајќи со испорката на вртежен момент, контролата на тракција и силата на сопирање.
Електричниот мотор се вклучува при забрзување и обезбедува голем вртежен момент практично од 0 врт/мин со што се скратува времето потребно за престигнување и спринт од 0 km/h.
Во исто време во зависност од брзината на движење и оптоварувањето при споро возење низ град електромоторот овозможува да се вози само на електричен погон. Сето ова е постигнато благодарение на двете спојки кои ги ставаат во погон едно од двете примарни вратила на менувачот.
Моќноста од електромоторот и класичниот 6.0 литарски V12 на овој начин се пренесува флуидно без прекин до погонските тркала. Додека при сопирање системот функционира како генератор полнејќи ги акумулаторските батерии.
Понатаму електричната енергија од батериите се користи за погон на помошните агрегати како електричното серво, клима уредот и електричните потрошувачи во кабината.
Ferrari 599 HY-KERS го користи и системот Старт/Стоп претставен во Ferrari California кој го гаси односно стартува моторот моментално по застанувањето или пред поаѓањето за време од 230 милисекунди така што возачот не го ни чувствува.
Иако Ferrari 599 HY-KERS останува во фаза на концепт од Ferrari тврдат дека неговата технологија претставува можна солуција која ќе се користи за сите модели на компанијата во иднина без оглед дали ќе бидат задвижувани од класичен V8 или V12, атмосферски или турбо.
|