|
23.05.2008 |
Полемиките околу најскапиот автомобил на светот ниту од
далеку на завршуваат со Bugatti или нему слични. Туку со класични автомобили чија цена
се мери со милиони.
Еден таков примерок е Ferrari
California, но не овој новиот кој треба да биде претставен на есен
во Париз, туку модел од 1961. Старецот од 47 години беше продаден за точно
10.976.000 милиони долари.
Толку на акуција даде британскиот DJ Крис Еванс,
кој откако ги изброи парите за кои може да се купи остров во Тихи Океан изјави дека
токму овој автомобил Ferrari 250 GT SWB California како што гласи
полното име е мечта на неговиот живот. Сон што станал јаве.
Аукцијата на која беше продаден Ferrari
California од 1961 се одржа во исто време кога беа претставени
првите официјални фотографии на неговата модерна верзија.
|